Изложба на ракотворби, караоке забава ги одбележаа првите два  од тридневната манифестација  во Куратица по повод одбележување на Стара Нова година – Василица. Манифестацијата ќе продолжи денеска напладне со подготовка на василичарската традиционална храна-варејнца, а во попладневните часови на сред село ќе почне карневалското дефиле на маскираните василичари, кое ќе трае до раните утрински часови.


Собирање на учесниците во традиционалната манифестација ќе се случи вечер во 18 часот, по што василичарската група ќе тргне од средсело во посета на секое домаќинство.

Традиционалниот василичарки оган, курајчани го запалија уште на Коледе
и пламенот го одржуваат се’ до денеска. Празникот Василица, за Куратица преставува најважен православен празник зашто неговата
прослава се подготвува во текот на целата година. Од Здружението „Св.
Василиј“, кое е организатор на оваа манифестација, велат дека годинава
обезбедиле награди за најдобрите детски и возрасни маски, во вкупна
вредност од 1.000 евра.

Ohridnews