По повод претстојните Новогодишни празници, Локалната самоуправа на Охрид и охридскиот Црвениот крст, денеска ќе организираат хуманитарен Новогодишен ручек за 150 социјално загрозени семејства од Охрид.

Овој традиционален настан ќе се одржи во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” со почеток во 13 часот.

Во рамки на ручекот, на децата од овие семејства Дедо Мраз ќе им подели новогодишни пакетчиња.

OhridNews