
– Минчо Јорданов, како бизнисмен, менаџер и политички истакната личност во меѓународни размери, со својата активност и љубов кон градот на Климента со години наназад, несебично и неуморно придонесува за афирмација на Охрид како духовен, стопански, културен, спортски и туристички центар на Македонија – пронесувајќи го на тој начин значењето на градот на УНЕСКО со сето негово културно- историско наследство и природни убавини.
Како вистински вљубеник во Охрид, потврдувајќи се себеси и како филантроп и мецена, Минчо Јорданов во 1998 година целосно ја донираше со свои средства изградбата на спомен куќата на Григор Прличев, по кого Охрид е препознатлив на далеку, се наведува во образложението.











