Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 31 степен Целзиусов. Кон крајот на денот, ќе се прошири облачност од северозападните делови, и преку ноќта во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.

Топло, но нестабилно време време ќе преовладува и во наредните денови. Нeстабилноста ќе биде повеќе изразена во попладневните часови, кога на места се очекува пороен дожд проследен со грмотевици и ветер.

OhridNews