
Новиот парламентарен состав ќе биде составен од 61 пратеник од коалицијата „За подобра Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ, додека социјалдемократите и Руфи Османи најавија дека нема да седнат во собраниските столчиња.
Според најавите за во понеделник ќе биде закажана и седницата за инаугурација на претседателот Иванов. Роковите велат дека тој е должен во рок од 10 дена од конституирање на Собранието да го довери мандатот за формирање на нова Влада.
„Алфа“











