Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 14 степени.

Во недела не очекува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 15 степени.

Слично време не очекува и во понеделник, променливо облачно, претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 6 степени, а максималната од 10 до 15.

Г.М.