Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлука на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа против епидемиолошка мерка, од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид информираат дека денеска, 15- ти август, нивни екипи ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши од 21 до 06 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставен на пикап- возило, со претходница од друго возило.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежје на потегот од село Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница и Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Третирањето ќе се изведе со препаратот АЉУА К – КОТРИНЕ со активна супстанца ДЕЛТАМЕТРИН. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 или 230 231.
Променливо облачно, а во северните делови ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен до силен севе...
Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“ Концертот ќе се одржи...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната коми...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.