Денот на Армијата на Република Македонија, 18-ти август, со низа свечености утре ќе биде одбележан во Охрид. Се очекува на свеченостите да присуствува и новиот началник на Генерал штабот на АРМ, Бригадниот генерал Горанчо Котески, кој вчера беше назначен на оваа функција.

По повод  18 август,  Денот на формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, кој сега се слави како Ден на АРМ, во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините  Охрид и  Дебарца, утре на Славеј Планина ќе се одржи традиционална свеченост.

По тој повод делегација на борците од Охрид, Струга, Дебрца, Кичево и Дебар, на локалните самоуправи Охрид и Дебрца, претставници на АРМ, на политички партии и здруженија ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјето на Славеј Планина. Пригодно обраќање ќе имаат Гоце Георгиески, претседател на Општинската организација на СБ – Охрид и Дебарца и Петар Карајанов, потпретседател на ГО на СБМ, а свеченоста ќе биде збогатена со „партизанско гравче“ и културно уметничка програма во чии рамки ќе настапи ансамблот „Филиграни“.

OhridNews