Од 13 до 18 октомври 2025 година ширум светот ќе се одржат Деновите на Еразмус, меѓународна манифестација која ги слави успесите и достигнувањата на програмата Еразмус+. Тема на годинашното издание е посветена на европските вредности – со слоганот „Живееме според нашите вредности, создавајќи подобра иднина.“
Денес и охридската гимназија започна со активностите на презентација на можностите и придобивките кои ги нуди Еразмус+ програмата, споделување на стекнатото искуство низ проектните активности на досегашните учесници со оние кои досега не биле дел од програмата, со цел да ги инспирира.
Со промоција на тековните Еразмус+ проекти „Europe: We are the colors of the rainbow“, „Мултидисциплинарен дизајн на обуки за родители и наставници за превенција на насилство меѓу врсници“ (MUDI), “IoT and IoRT in education”, на присутните им се доближи проектниот циклус. Во наредните денови ќе има квиз, „Прашања за Европа“, работилници, проекции на снимениот материјал и др.
Еразмус+ поттикнува личен и професионален раст преку олеснување на размената на мобилност и кооперативни проекти. Овие иницијативи им нудат на милиони студенти, наставници, волонтери и професионалци шанса да стекнат меѓународно искуство, да развијат нови вештини и да ги прошират своите културни хоризонти. Надвор од индивидуалниот развој, Еразмус+ игра клучна улога во зајакнувањето на европскиот идентитет преку промовирање на единството преку различноста.
Општинските средни училишта во Охрид денеска ги објавија првичните резултати од првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година Најголем е интересот за стручните средни училишта, додека нешто помал ...
Со признанието „Ученик на генерација“ годинава е одликуван Марио Велкоски, ученик од класот IV-5 во здравствената струка, како потврда за неговите извонредни резултати, посветеност и континуирана ж...
По осми пат, во сабота, ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ Фестивалот ќе собере различни хорови, а публиката ќе може ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.