Деновиве треба да започне реконструкцијата на улица „Христо Узунов“ во стариот дел на градот, информираат од Општина Охрид.

Ќе се врши прередување на камените плочки. Претходно на оваа улица се изврши поставување на нова водоводна линија, велат од Општина Охрид.

Средствата, додаваат, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Н.С.Ј.