296-то градско дерби во Милано помина во знакот на Интер, кој успеа да надохнади два голови негатива и на крајот да слави со 4-2 против Милан. Со триумфот во дерби средбата, Интер се изедначи со Јувентус на врвот од табелата и комплетно се врати во игра за титулата во Серија А.

Синоќешното дерби на стадионот „Џузепе Меаца“ го проследија вкупно 75 817 гледачи, што претставува најголема посетеност во последниве неколку години.

Триумфот (4-2) е четврти во серија за Интер во пресметките со Милан. „Нероазурите“ последен пат таква серија направиле далечната 1983 година. Интер втор победува во дерби средбите кога имал негатива два голови. Првата победа, Интер ја извојувал во 1949 година со 6-5.

Стрелецот на четвртиот погодок за Интер, Ромелу Лукаку е шестиот фудбалер во историјата на Интер кој постигнал погодоци на двата дуели со Милан во дебитанската сезона. Со ваквиот учинок, репрезентативецот на Белгија им се приклучи на Јури Џоркаеф, Роналдо, Диего Симеоне, Златан Ибрахимовиќ  и Диего Милито.

Ибрахимовиќ со 38 години и 129 денови е највозрасниот фудбалер кој постигнал погодок во градските пресметки помеѓу Интер и Милан. Ибрахимовиќ кој беше стрелец на вториот погодок за Милан успеал да постигне погодок во дерби средбите во три декади, како никој друг фудбалер до сега.

OhridNews

 

Неверојатно дерби во Милано: Фантастичен пресврт на Интер за триумф против Милан (видео)