Со головите на Робин ван Перси во првиот и на Немања Видиќ во вториот дел Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го совлада Ливерпул со 2-1 и го продолжи походот кон 20-та титула во Премиер лигата. Почесниот погодок за “црвените“ беше дело на новајлијата Стариџ.


Лидерот на табелата во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед во погодок претвори само една прилика од неколкуте во првите 45 минути. На почетокот од вториот период капитенот на “црвените ѓаволи“ Видиќ зголеми на 2-0. Евра со глава шутираше топката го закачи доволно Видиќ да го смени правецот и да заврши зад грбот на Реина.

Надеж за поволен резултатот на Олд Трафорд за екипата на Ливерпул донесе Стариџ во 60-та минута. До крајот на мечот “црвените“ немаа изгледна прилика да заминат непоразени од Манчестер.

Резултати : Мен Ју – Ливерпул 2-0, Арсенал – Мен Сити 0-2

Табела : Mен Ју 55, Мен Сити 48, Челси 41, Тотенхем 40. . .

Мх.П.