Десет лица денеска добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга.

Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.
Услугата веќе трета година ја дава Црвен крст, нагласувајќи дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.
Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.
OhridNews











