Министерката за образование и наука д-р Рената Дескоска, информира дека со средства од Буџетот на Република Македонија, но и со помош на Банката за развој при Советот на Европа и Европскиот заеднички Фонд за Западен Балкан ќе се реализира проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта, чија основна цел е да го унапреди образовниот процес.

Според Дескоска, инвестирањето во подобрување на условите во образованието, добрите училници, лаборатории, простор за рекреација и интеракција со другите ученици, директно влијае на подобрувањето на постигнувањата на учениците.

– Тие треба да бидат простории во кои учениците ќе можат да се развиваат, во кои ќе сакаат да го минуваат своето време, простор во кој наставниците ќе се чувствуваат почитувано и пријатно на своето работно место. Добрите училници ќе бидат и мотивација за поголем ангажман и на наставниците и на учениците во зголемување на квалитетот на наставниот процес и подобрување на резултатите од учењето кај учениците, додаде Дескоска, напоменувајќи дека вложувањето во образовната и технолошката инфраструктура ги подобрува условите во училиштата, ја зголемува заштедата на енергија за затоплување, ги намалува трошоците за одржување на училиштата.

Дескоска најави дека наскоро ќе почне реконструкција на нови 13 училишта.

OhridNews