Министерката за правда Рената Дескоска, во изјава за медиумите дадена денеска во Охрид, истакна дека со измените во Уставот, што Владата треба да ги достави утре до Собраниеот, ќе се зголемат гаранциите за заштита на идентитетот на македонскиот народ. Во врска со шпекулациите за амнестија за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, таа рече дека тоа не смее да се случи, бидејќи тој настан оставил голема индивидуална и колективна траума.

Г.М.