По смената на кормилото на македонската клупа Филип Деспотовски е стандарден во тимот на Јонуз. Играчот за врска беше виситниско освежување во тимот кој благодарение на промената на физионимијата почна да игра подпадлив фудбал.

–  Натпреварот со Катар ке биде добра увертира да се види во каква форма се наоѓаме во овај период. Селекцијата на Катар е непозната репрезентација за нас, но ние сме една солидна репрезентација која може да се носи со сите фудбалски велесили. Одигравме одлично прво полувреме со Шпанија, солидно против Шкотска и Норвешка , сметам дека овај натпревар е одлична можност да ја израдувме македонската јавност.

Деспотовски се вклучи во вториот дел од квалификациите, а смета дека поразот од Исланд бил пресвртница во квалификацискиот циклус.

– Според мене шансата ја изгубивме против Исланд, се надевам дека по промената на селекторот ќе биде далеку подобро.Очекувам во квалификациите за ЕП конечно да направиме бум и да ја одведеме Македонија на едно големо натпреварување, мене тоа ми е желба како и на сите останати репрезентативци. Оваа група на фудаблери сметам дека може да го направи тој чекор, голем дел  играат во странстсво , дел играат во македонското првенствоо и јас сум голем оптисмист дека имаме добри шанси да успееме– завршува Деспотовски.

М.П.