Дететото што смртно настрада во пожарот што избувна денеска во зграда во Гостивар, за време на несреќниот настан било врзано со синџир на нозете, утврдил лекарскиот тим вклучен во истрагата, информира Јавното обвинителство. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството  презема дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете (7) и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар. – соопшти Јавното обвинителство.

Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово пред 8 часот по што се раширил чад и станарите од зградата на улицата “Кеј Вардар” почнале да се евакуираат.

Според станарите, брзата интервенција на противпожарната служба спречила ширење на огнот и поголема штета.

OhridNews
Фото: Миа

Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда во Гостивар