Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ денеска во ОУ„Св.Климент Охридски“, ОУ „Братство и Единставо“ и во црквата Св. Ѓорѓија им врачи новогодишни пакетчиња на децата од ранливите групи и децата со посебни потреби.


Во овие тешки времиња помошта на секого му е потребна, особено на овие деца. Ние постојано како локална самоуправа вложуваме за оваа ранлива категорија. Иако тоа не беше во наша надлежност, успеавме да отвориме во секое училиште простории за децата со посебни потреби. И во наредниот период ќе продолжиме да инвестираме со цел во што поголема мера да ги задоволиме нивните потреби, рече градоначалникот Александар Петрески.

Децата со посебни потреби згрижени во дневниот центар во црквата Света Ѓорѓија денес добија новогодишни подароци и од претседателот на општинскиот комитет и Унијата на жени при ВМРО- ДПМНЕ.


–  Ваквите посети се традиционални, со цел на децата да им посакаме посреќно дество и да придонесеме да се почуствуваат посреќни и повесели, рече претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
  
Михаилов пред божиќните празници најави уште една слична акција наменета за социјално загрозените семејства во Охрид.

OhridNews