Процесот на децентрализација во Македонија  не се одвива според очекувањата во сите сфери оценија претставниците на  меѓународната заедница на конференцијата во Охрид на која се одбележува тригодишнината од отпочнувањето на процесот на децентрализација во Македонија.


-За нас ова е можеби најважниот момент, настан што го организира ЗЕЛС во својство на гласноговорник на сите општини. Слушнавме мошне добри вести за остварениот напредок во процесот на децентрализација, но и за предизвиците што се уште постојат. Можеби најголем предизвик и тест, како за Владата, така  за локалните власти, односно за земјата и демокртатијата, се подготовките за претстојните избори, истакна евроамбасадорот Ерван Фуере.

Според вицепремиерот за Евроинтеграции, Ивица Боцевски, Владата има темелна соработка со ЗЕЛС.

-Има редовни состаноци на претставниците на ЗЕЛС и премиерот, профункционира Советот за рамноменерн развој на општините , а во тек е и формирањето на осумте плански региони. Секретарјатот за евроинтеграции ќе го слди овој процес преку соодветни проекти и врската помеѓу Владата и ЗЕЛС ќе си остане цврста и нераскинлива, затоа што токму локалната власт е она место каде што доаѓаат до израз политиките на локлано ниво, рече Боцевски.

Ако се земе во предвид  како почна процесот на децентрализација во Македонија, постигнат е крупен успех, но тоа не е доволно, истакна претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски.

– ЗЕЛС ќе бара зголемување на ДДВ од 3 на 6%, зголемување на персоналниот данок, како и доделување на градежното земјиште со што ќе се овозможи поголем економски развој, но претходно со расчистување на имотно правните односи кои се најголем проблем во Македонија, рече Трајановски.

Според градоначалникот на Велес, Аце Коцески, Македонија во процесот на децентрализација е поназад и од Косово, Србија и БиХ.

Статистичките податоци покажуваат дека македонските општини трошат најмалку средства од буџетот во Европа, само 7%,  додека централната власт користи 93% од собраните средства. За споредба во Чешка 59-60% од финасниските средства добиваат општините, додека во Данска тој процент изнесува 65%. Република Македонија фискално сеуште е најцентрализирана држава во Европа, рече Коцески.

Г.М.