Кеси од чипс, смоки, чаши од јогурт, хартии, искористени влажни марамици- расфрлани насекаде во детското игралиште кај каналот Студенчишта. Ова е сликата која ја затекнавме, вчеравечер, во едно од најпосетуваните детски катчиња во Охрид.
Расфрланиот отпад по парковите и зелените површини, за жал, сеуште е многу честа појава во Македонија.
И покрај апелите на екологистите, туристите и вљубениците во природата, лошите навики на поединци никако да се отстранат. Сепак, повеќе од јасно е дека , на развивањето на еколошката свест треба да се работи од најмала возраст.
OhridNews

















