Во среда, 22 јули, започнува деветтото издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival кој ќе се одржи до 26 јули на неколку локации во Охрид.

Beach Film Festival носи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето. Од првите вечери на претпрограмата, до главната програма исполнета со премиери, гости и незаборавни проекции под отворено небо, ве очекуваат денови во кои Охрид повторно ќе живее за филмот. Од проекции покрај езеро, до филмски вечери на брод и под отворено небо, секоја локација носи свое посебно фестивалско доживување, велат организаторите.

Годинашното фестивалско издание го отвораат две македонски остварувања, „Железна тврдина“ на Митко Панов и „Самоуништување“ на Ербил Алтанај.

Пред главната програма, ве покануваме на вечер посветена на македонскиот филм, под отворено небо, покрај езерото. Селекцијата на долгометражни филмови носи филмови што ќе нè насмеат, вознемират, инспирираат и потсетат зошто го сакаме киното. Краткометражните опфаќа од емотивни човечки приказни па се до смели авторски визии, потенцираат.

И ова лето, најмалите посетители ќе имаат свое магично филмско катче во рамки. Детската програма носи филмови, смеа и магични вечери под ѕвездите покрај езеро.

Во рамки на Beach Film Festival ќе се одржи и хорор работилница за средношколци посветена на игран хорор филм. Преку проекции, разговори и креативна работа, учесниците ќе истражуваат како хоророт се менувал низ различни филмски ери.

Фестивалот се затвора со специјалната проекција на „Приказната за Силјан“, најновиот филм на македонската режисерка Тамара Котевска.

Годинашното издание ќе го затвориме со филм кој нѐ потсетува дека најсилните приказни често се оние што се најблиску до нас, потенцираат.

 

Проекциите на филмовите се на плажите Сараиште каде влезот е бесплатен, Славија каде влез се плаќа 150 денари, Брод Армада влез се плаќа 200 денари и во Младински центар Охрид каде велзот е бесплатен.

OhridNews