Вчера на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид, 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубило контрола и излетали по коловозот.

Од падот девојчето се здобила со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews