Пари Сент Жермен чекори кон титулата во француската супер лига. “Светците“ во 32-та рунда минимално со 1-0 го совладаа последнопласираниот тим на Троја, а стрелец на погодок беше Матулди во средината од вториот дел.

За краток период Матулди успева да го спаси скапиот тим на ПСЖ, прво го постигна погодок против Барселона за реми пред своите гледачи во Лигата на Шампиони, а на мечот со Троја го постигна победничкиот гол кој им го трасира патот до нова титула.

Во пресрет на дуелите Лион – Тулуз и Лил – Олимпик Марсеј избраниците на Карло Анчелоти имаат предност од десет бодови пред второпласираниот Марсеј.

Мх.П.