Откако Јувентус одлучи да не ја продолжи соработката со Пауло Дибала, аргентинскиот фудбалски репрезентативец пронајде нов клуб во Италија и само формалност го дели од потпишување договор со Интер, јавија италијанските медиуми.

Дибала, за кого интерес изразија и англиски и германски клубови, како и калчолигашот Рома, треба да потпише договор со Интер до лето 2026 година.
Аргентинскиот репрезентативец во Интер ќе заработува шест милиони евра по сезона.
OhridNews










