Аргентинскиот репрезентативец Пабло Дибала е еден од тројцата фудбалери во Јувентус кој се зарази со коронавирусот. Деновите во самоизолација, Дибала ги поминува со девојката Оријана која исто така беше позитивна на тест. Фудбалерот кој е при крај со лекувањето, откри дека имал тешко денови во кои едвај дишел и чувствувал големи болки во мускулите.

Сега сум добар и се чувствувам одлично. Исто така и мојата девојка. Почнав да се движам, одам без проблем и правам по некои лесни тренинзи. Но на почетокот, тешко ги преживеав сите симпотми. Едвај дишев, не можев да одам и имав големи болки во мускулите. Деновите не поминуваа и не бев оптимиста околу моето здравје. – изјави Дибала.

Прв во Јувентус кој се зарази беше Даниеле Ругани. Тој и го префрли вирусот на својата бремена девојка Микела Персико. Потоа се зарази и Блас Матуиди.

OhridNews

Нов позитивен случај „дечко и девојка“ на коронавирусот во Јувентус