Челниците на Реал Мадрид брзо реагираа и го доведоа Диего Лопез да го замени “едницата“ и капитенот на клубот, Икер Касиљас.

Касиљас заработи повреда на раката на мечот со Валенсија и ќе биде надвор од терените во наредните три месеци.

Поранешниот голман на Валенсија и повремен репрезентативец од редовите на Севиља во Реал премина за 3,5 милиони евра. “Белиот“ дрес ќе го носи се до 2017 година.