Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ со кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков на гласачкото ливче ќе го носат редниот број 7. На гласачко ливче со реден број 12 ќе бидат СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со кандидатот за градоначалник Константин Георгиески, додека со реден број 26 ќе биде Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО и кандидатот за градоначалник Гоце Цветкоски.

Кандидатската советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ е предводена од  Сашо Донев и ќе биде под реден број 7, додека носител на кандидатска листа  од  СДСМ е Науме Јованоски, на изборното ливче под реден број 12. Левицата чиј ностел на кандидатска листа за Охрид е Виолета Аврамоска ќе биде под реден број 15, ДУИ чија кандидатската листа за членови на совет ја предводи Нефи Усеини ќе бидат под реден број 3.

Коалицијата Движење „Одлучно за промени” – ЛДП и ДОМ, под реден број 2, а за Охрид носител на листата е Александар Станкоски. Кандидатската листа на партијата Единствена Македонија е на чело со Владимир Суклоски, а ќе биде под реден број 19. Носител на листа од ТМРО е Магдалена Наумоска и на изборното ливче ќе бидат под реден број 26, додека листата од движењето Беса со носителот на листата Џемал Мена, под реден број 16.

Во Охрид во однос на поднесените три независни кандидатски листи, редните броеви се следни: на избирачкото ливче под реден број 98 ќе биде советничката листа предводена од Антонио Наумоски, советничката листа предводена од Димитар Велјаноски под реден број 122, а советничката листа предводена од  Стефче Стевоски, под редн број 38.

Во Дебрца СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со кандидатот Игор Крцоски под редн број 12 на галсачкото ливче, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ со кандидатот Сашо Силјаноски под реден број 7, додека како независен се кандидираше актуелниот градоначалник Зоран Ногачески и на галсачкото ливче ќе биде под реден број 110.

Во Дебрца советничката листа од СДСМ и коалицијата ја предводи Ромео Печоски под реден број 12, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Илчо Алексоски под редн број 7, од Единствена Македонија Трене Блажески под реден број 19. Движењето „Одлучно за промени“ предводена од ЛДП и ДОМ, чиј ностел е Даниел Огненоски, на гласачкото ливче ќе биде под реден број 2. Независните листи каде носители се Александар Николоски ќе биде под реден број 101,  листата чиј носител е Димче Андрески под реден број 37.

Изборната кампања за првиот круг на гласање почнува на 27 септември и трае до 15 октомври. Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.

OhridNews