Избори на 24- април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список. Ова го пишува во изјава од три страници која претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски им ја подели на медиумите, откако претходно со истиот став ги запознал и преговарачките групи на четирите партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес, јавува „Телма“.

„На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на Избирачкиот список не може да спроведе што значидека не може да се обезбеди ниту Избирачки список во кој сите ќе имаат доверба“, пишува во изјавата на претседателот на ДИК Александар Чичаковски кој замина од Клубот на пратеници.

Во документот пишува и дека не може да се прецизираат рокови околу прочистувањето на Избирачкиот список и дека за да се има доверба во ИС на ДИК и се потребни најмалку три до четири месеци.

Чичаковски рече дека ги инвормирал партиите за оценките на ДИК за условите за прочистување на Избирачкиот список и за спроведувањето на останатите надлежности.

Во документот на Комисијата пишува дека пред ДИК има големи предизвици, и дека ДИК нема соодветна екипираност и дека тие проблеми „го загрозуваат соодветното екипирање на ДИК и спроведувањето на нејзините активности во услови на скратени рокови не само во поглед на политичката криза туку и во поглед на предвремените парламентарни избори.

OhridNews
извор:„Телма“