Државната изборна комисија денеска до Општинската изборна комисија – Охрид ќе ги достави гласачките ливчиња, избирачките списоци, записниците и другиот избирачки материјал

Општинската изборна комисија изборниот материјал  до избирачките одбори треба да го достави најдоцна еден ден пред изборите. Избирачите во Охрид  својата волја ќе ја изразат преку три  гласачки ливчиња. На избирачките места ќе има три кутии за секое избирачко ливче и три паравани.

Претседателските и локалните избори во Македонија ќе се одржат заедно во недела 22 март.

Ohridnews