Според 48,47% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии.

Од досега обработените податоци ВМРО-ДПМНЕ има освоени 156.805 гласа, СДСМ има освоено 125.188 гласа. ДУИ има освоено 40.641 глас, ОМ 5.904 гласа, ВМРО-НП 9.947 гласа, ДПА 18.423 гласа, ЛДП 4.942 гласа, а НДП на Руфи Османи 10.302 гласа.

Ова, како што јавува „Макфакс“ се првичните информации на ДИК, а во меѓувреме се пребројуваат гласовите и од останатите избирачки места.

OhridNews