Во Комисијата за утврдување на причините за потонувањето на бродот „Илинден“, неофицијално има различни ставови околу начинот на кој треба да се извлече потонатиот брод.

Според еден предлог, потонатиот брод требало да се подигне со балони под компресија и да биде извлечен од три други бродови. Членовите на комисијата вчера ги разгледуваа бродовите од охридската флота, но не се соопштува дали тие ќе бидат вклучени во извлекувањето на „Илинден“.


Како што дознаваме дел од членовите на комисијата не се согласуваат „Илинден“ да биде извлечен со помош на други бродови, затоа што постоела опасност тој да биде оштетен, што би претставувало проблем за понатамошната истрага. Поради тоа не е се исклучува можноста извлекувањето да се направи на поинаков начин што подразбира ангажирање на специјално средство за извлекување.

Официјално извлекувањето на бродот „Илинден“ е одложено на неколку дена поради неповолните временски услови.

Ohridnews