Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето Р.О. роден 1962 година од Струга, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Кај пријавениот, во текот на месец декември 2008 година, при преглед, пронајдени се 10 шишиња од 10 милиграми течен наркотичен аналгетик Метадон,, како и 20 ленти со  10 таблети синтетички опијат хептанон кои неовластено ги набавил.

На ден 20.12.2008 година, пријавениот по претходен договор со лицето О.Н. роден 1983 година од Охрид, од аптека од Тетово, за 8ооо денари ги купил синтетичките опијати. Половина од сумата ја платил О.Н. со чие патничко моторно возило се упатиле во Тетово.

Пријавениот Р.О.  како и неговиот познаник О.Н., се познати нарко-зависници од Охрид и Струга.
 
Пронајдената дрога, е одземена од страна на полициските службеници и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи на РМ. 

извор: СВР Охрид