Димитар Димоски од IX 6 одделение е првенец на генерацијата 2025/26 во ООУ „Братство Единство”. Димитар го заокружува своето основно образование со континуиран, беспрекорен одличен успех и примерно поведение кое со години служеше како златен стандард, инспирација и вредносен патоказ за неговите врсници, велат од училиштето.

Сепак, највпечатливиот белег на неговата личност е неговата благородна природа. Димитар е олицетворение на автентична добрина и висока емпатија — дете кое со својата смиреност и доблест внесуваше хармонија во училишното живеење, несебично градејќи мостови на искрено другарство и меѓусебна поддршка. Покрај евидентниот и раскошен интелектуален капацитет, Димитар е уметничкото срце и естетскиот печат на нашето училиште, посочуваат.

Додаваат дека неговиот ангелски глас бил наградуван на бројни натпревари во индивидуално и хорско пеење.

Девет години изминаа како неколку секунди. Убавите моменти од ова деветгодишно мое патешествие ќе останат длабоко врежани во мене засекогаш. Премногу спомени, успони и падови, но сепак на крајот одличен успех. Во изминативе години научив многу работи, добив многу поуки и ми беа одржани животни лекции. Наставниците беа мојата поткрепа, а пак соучениците и другарите мој поттик. Поминав девет незаборавни години во кој се трудев да дадам се од себе во сите сфери. Работев макотрпно и снаодливо, но крајниот успех не е само мој. Тука е подршката од наставниците и од моите родители, но и најголемата подршка што секој со вера може да ја добие, а тоа е подршката од мојот Бог и Спасител Исус Христос. Уште еднаш голема благодарност за довербата и за доделената награда Првенец на генерацијата, вели Димитар.

Своето образование ќе го продолжи во средното богословско училиште МПБ „Св.Климент Охридски”, што велат од училиштето, го доживуваат како возвишена и длабоко осмислена определба, во склад со неговиот благороден дух, примерен карактер и високите етички начела кои го красат.

OhridNews