Селекторот на Македонската атлетска репрезентација, Влатко Димиторв не го криеше задоволството што конечно Охрид и Билјанини Извори се најдоа на  чекор до реализација на проектот наречен “тартан подлога“.

Круна на работата на АФМ на чело со Цветко Грозданов ќе биде поставувањето на тартан патеката во Охрид.  Очекувам по поставувањето, за Охрид да се појави голема заинтересираност . Покрај одличните услови Охрид ќе може да биде организатор на домашни и меѓународни наптревари.

Според тренерот на АК Охрид, Димитров кој заедно се Селман Реџеп беа дел од македонскиот олиписки тим во Пекинг, поставувањето на патеката ќе биде добро за промоцијата на спортскиот туризам како за Охрид така и за Македонија.

М.П.