Екипата на Интер во зимскиот преоден рок се засили со двајца фудбалери кои доаѓаат од балканските простори, Здравко Кузмановиќ (Србија) и Матеа Ковачиќ од (Хрватска).


Трансферот на Ковачиќ за разлика од српскиот репрезентативец Кузмановиќ е далеку поинтересен бидејќи се работи за фудбалер кој има само 16 години, а за преселба во редовите на Интер од Динамо Загреб, Масимо Морати плати 15 милиони евра.

Фубдалерот за врска, Ковачиќ иако има 16 години за “модрите“ има одиграни 63 натпревари, четири пати се запишал во листата на стрелци, а единаесет пати асистирал за гол на своите соиграчи.

Трансферот на Ковачиќ во Интер уште еднаш ја покажа моќноста Динамо Загреб на балканските простори. Најголем виновник за трансферите на Модриќ, Манџукиќ и други фудбалери од Балканот е претседателот Здравко Мамиќ.

Мх.П.