Дипломатски Караван во Југозападниот плански регион, ќе се промовираат економските потенцијали и инвестиции
14.04.22 15:04
Во организација на Министерството за надворешни работи, Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југозападниот плански регион, утре, ќе се организира „Дипломатски караван“, со учество на поголем број на амбасадори и претставници на дипломатскиот кор во државава на кои ќе бидат презентирани и промовирани економските потенцијали на домашните фирми, како и можностите за инвестирање со цел да се поттикне регионалниот развој во Југозападниот плански регион.
Најавено е присуство на околу 20-тина претставници на амбасадите од државата кои во рамките на караванот ќе ги посетат Кичево, Охрид и Струга при што ќе остварат средби со стопанствениците и градоначалниците од регионот.
Финалниот настан ќе се одржи во хотелот „Изгрев“ во Калишта Хотел, со почеток во 13.30 минути, каде што свои обраќања ќе имаат заменикот министер од МНР, Фатмире Исаки, директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, претседателот на Советот за развој на Југозападниот плански регион, Рамис Мерко, доајенот од присутните амбасадори на настанот, како и директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска. На настанот со свои штандови и презентации ќе се претстават и дел од фирмите од охридско-струшкиот микро регион.
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Со стабилизацијата на општинските финансии во изминатите четири години, Општина Охрид реализираше обемни инвестиции за подобрување на условите во сите основни и средни училишта Процесот на модерниз...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.