Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намалува за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според одлуката безнините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 84,00 денари за литар, додека дизелот за 95,50 денари по литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намалува за 3,50 ден/лит. и ќе изнесува 96,50 денари, додека на мазутот се намалува за 2,084 ден/кг. и ќе изесува 49,227 денари за килограм.

OhridNews