Дизелот и екстра лесното масло за домаќинства поскапуваат за два денара од полноќ, а нема промени кај цените на бензините и на мазутот М-1, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за два денари и ќе се продава за 92 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕРОТ 95 и ЕУРОСУПЕРОТ 98 останува иста, односно 88,5 и 91 денар.

Непроменета останува и цената на мазутот 52,8 денари, а се зголемува цената на екстра лесното масло за домаќинство од 86,5 на 88,5 денари по литар.

OhridNews