Цените на бензините остануваат непроменети, додека на дизелот се зголемува за 3,5 ден/лит., на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 ден/лит., додека на Мазутот за 0,157 ден/кг., одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе бидат:

    • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
    • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
    • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар)
    • Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар)
    • Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 13,592% или за 128,150 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 16,531% или за 185,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 15,222% или за 163,350 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 9,207% или за 52,350 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 53,6722 ден/$ и е за околу 0,7145% повисок од курсот на доларот (53,2915 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,39% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 16.03.2026 година, се наведува во одлуката од РКЕ.

OhridNews