Како што информираат од Општинската изборна комисија, до 10 часот, процентот на излезност на гласачите во општина Охрид е 15%. Сите 72 избирачки места во општината се отворени во 7 часот и засега гласањето се одвива во најдобар ред, во фер и демократска атмосфера.

Ист процент на гласачи, 15% од вкупно евидентираните на единствениот избирачки список, излегле да гласаат и во општина Дебрца, каде се гласа на 28 избирачки места.  И во оваа општина избирачките места се навреме отворени и процесот се одвива во најдобар ред, без било какви проблеми.

Во општина Струга, каде право да го дадат својот глас на денешните избори имаат вкупно 59. 713 граѓани, до 10 часот гласале  околу 10%. Во оваа општина се гласа на 78 избирачки места.

OhridNews