Според најновите информации од Општинската изборна комисија, до 17 часот, процентот на излезност на гласачите во општина Охрид е 59 %, односно излегле да гласаат 32. 081 граѓанин.

Излезноста е поголема во споредба со минатите избори, а гласањето тече во мирна и демократска атмосфера, без проблеми и инциденти, изјави Ангелина Недеска, претседател на ОИК – Охрид.

Во општина Дебрца, каде се гласа на 28 избирачки места, од вкупно евидентираните на единствениот избирачки список, 5. 326 гласачи, до 17 часот гласале 58, 64 % , односно 3. 123 жители на општината.

OhridNews