Општината комплетно го менува концептот на организација и наплата на паркирањето. Се воведува СМС паркирање што значително ќе го поедностави и ќе остави подобра слика за Охрид, истакна градоначалникот Јован Стојаноски во излагањето пред собраниската комисија за култира, во рамки на расправата за Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

– Очекувам проектот да профункционира најдоцна до 07.07.2018 година. – рече Стојаноски. 

Градоначалникот на Охрид исткана дека во финална фаза е изработка на микро-сообраќајна студија за централно градско подрачје, која треба да даде одговор на прашања со регулирање на динамичен и статичен сообраќај во централното подрачје вклучувајќи го стариот дел на градот но и Кеј „Македонија“. 

– Општина Охрид веќе распиша тендер за изработка на сообраќајна студија за Охрид. Изработката на оваа студија ќе трае најверојатно до следната пролет но тоа ќе биде првиот сериозен документ кој ќе направи анализа и даде решение за сообраќајот. – посочи Стојаноски.

Тој ја информираше собраниската комисија за култура дека Општина Охрид го започна процесот за изработка на Стратегија за урбана мобилност по најновите светски научни сознанија. 

OhridNews