Станарите од новата зграда на „Трудбеник“ и околните згради во реонот Расадник на улицата „Карпош Војвода“ се жалат на проблем со неуредениот пристапен пат, каде по неодамнешните обилни врнежи со денови е насобрана вода која не се повлекува. 
Тие бараат од локалната самоуправа да го афалтира овој простор, затоа што, како што велат, за зградите уредно се платени комуналии.
-Немаме цел да напаѓаме, туку да ја алармираме локалната власт, да ги исполни сопствените обврски и да изврши асфалтирање на улицата која е дел од ДУП-от, пред доаѓањето на есенските дождови, стои во дописот на жителите од улицата „Карпош Војвода“.
OhridNews