На патниот правец Битола – Ресен преку планискиот премин Ѓавато попладнево укинaта е забраната за тешки товарни возила во двата правци. Од 14:00 часот на магистралниот Гостивар – Стража- Кичево и обратно, исто така е укината забраната за тешки товарни возила, информира АМСМ. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Утрово граѓани кои патуваа надвор од Охрид или кон него информираа за тешки услови за возење и препречени камиони на превоите, поради што некои не успеале на време да стигнат до саканата дестинација, други пак го прекинале патувањето и се вратиле назад.
Поради високи наноси од снег, се уште во прекин е патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН.
Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
OhridNews












