На политичките партии не им остана многу време за да ги утврдат кандидатите за членови на општинскиот совет на претстојните локални избори закажани за 22 март.Денеска на полноќ истекува и законски утврдениот рок за поднесување на советничките листи.

Перо Петрески-Калимеро ќе се бори и во идниот состав на советот да обезбеди место за себе и за кандидатите на неговата независна листа.Љупчо Нечкоски, во законскиот рок за независните кандидатури ги собра потребните потписи, а на изборите, со свои независни листи ќе излезат и Никола Пулевски, Љупчо Настоски, Владо Цветкоски, Сашо Ристески, Борис Стојаноски и Тома Трајаноски.

СДСМ својата советничка листа ја обелодени уште во декември минатата година. Носител на листата е Бранко Трпчески, актуелен член на општинскиот совет. Социјалдемократската унија од Охрид, во петокот, на прес-конференција го претстави и носителот на листата од оваа партија, пратеникот од Охрид, Веле Митаноски.

Носител на листата  формирана од ВМРО- Народна партија е Јоне Станкоски кој е член и на актуелниот совет на општина Охрид. Либералдемократската партија  се одлучи за прв на советничката листа да го стави Крум Арнаудов, а носител на листата  од НСДП е Верица Хајба.
Нема потврда од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  со кои имиња партијата ќе ја освојува локалната власт.

Ohridnews