Времето денеска претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе има зголемување на облачноста. Кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 21 степен Целзиусов.
Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повренени врнежи од дожд наместа, особено во северните делови на земјава ќе бидат проследени и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.
OhridNews












