-Имам две големи желби со кои сметам дека ќе се препороди охридското пливање, охридскиот спорт и целото охридско живеење: Зимски пливачки базен и скијачки центар на Галичица му требаат на овој златен Светиклиментов град.-истакна добитникот на наградата за животно дело „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“ за 2013 година, Александар Леко Радиќ во обраќањето на свечената академија по повод празникот на заштитникот на градот. Овие негови зборови измамија долготрајни аплаузи од присутните во центарот за култура, кои како и целокупната охридска јавност силно посакуваат на Охрид да му се случат суштински промени и да се реализираат капитални проекти кои ќе отворат нови перспективи со што ќе се запре се поголемиот одлив на младите од градот.

Осврнувајќи се на наградата, Леко Радиќ рече дека таа кај него буди спомени за спортските подвизи и големите настани кои засекогаш ќе се паметат во спортската историја.

-Светиклиментовата награда ги разбранува моите емоции, ме врати во годините наназад и ги разбуди спомените на едни убави времиња, на 1954 година кога го организирав првиот мал маратон, како и на 1961 година кога на Охридското Езеро се одржа првиот меѓународен Охридски пливачки маратон на патеката Охрид – Пештани – Струга.-истакна Леко Радиќ.

Во име на добитниците на највисокото општинско признание, Александар Леко Радиќ упати благодарност и порака до младите да ги следат позитивните примери во животот.

OhridNews

Бакрачески: Секоја генерација има своја одговорност во градењето на иднината и развој на нацијата

Фото галерија: Доделени наградата и повелбите Свети Климент Охридски – патрон на Охрид