Како и во изминатите години, така и оваа на иницијатива на Ана Чукалеска во координација со свештениците од црквата Св. Богородица Каменско, се организира добротворна хуманитарна акција во текот на месец декемви за собирање храна и донации со цел најранливите категории на граѓани од Охрид да можат достојно,во среќа и благодет да го поминат Божик.
Граѓаните може да донираат намирници за основни потреби за на луѓето да им се обезбеди достоен дочек на големиот христијански празник Божик. Основни намирници луѓето може да достават во црквата „Богородица Каменско“, а доколку некој не е во можност да ги набави продуктите, може да донира одредена сума на пари со која што ќе бидат купени намирниците за нашите сограѓани од најранливи категории. Препорачливо е продуктите да бидат конзервирани, со подолг рок на употреба, истакна Чукалеска.
Инаку Чукалеска ја организира оваа акција по трет пат, вели дека во црквата секојдневно доаѓаат луѓе кои имаат потреба од било каква помош, а ова е еден начин да им се помогне.
K.A.












