Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес, ги добија своите дипломи.

Според ректорот на универзитетот  Професор доктор Нинослав Марина, поаѓајќи од фактот што информатичките технологии се навлезени во сите пори на општеството, верува дека дипломираните студенти од „Св. Апостол Павле“ без поголеми проблеми ќе најдат работа не само во земјата, туку ќе бидат рамноправно конкурентни и на глобалниот пазар на труд.

Ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски  јазик, а воедно сме специјализирани за информатички  науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот значи дека студентите се стекнуваат со квалитетни познавања, споредено со студентите од останатите универзитети. Потврда за тоа е што дел од нив веќе се на успешни позиции на престижни европски универзитети или во компании од областа на информатичките  технлогии, изјави ректорот Марина.

Тој додаде дека универзитетот бележи постојан раст во бројот на пријавени нови студенти. Секоја година се формираат нови наставни програми, има интерес за магистерските студии, а универзитетот е во фаза на добивање и акредитации за докторски студии.

Според Марина во новата студиска година се очекува на унивезритетот „Св. Апостол Павле“ да се запишат над 150 студенти.

Т.К.