Природниот потенцијал со кој располагаме е со огромен капацитет за развој на авантуристичкиот туризам, недостига делот на понуда иако има напредок вели Антонио Додевски од Планинската спасителна служба во Охрид, кој веќе дваесетина години е инволвиран во многу активности за развој на алтернативниот туризам од обука на водичи до имплементација и креирање на нови туристички производи.

За жал недостасува другиот дел, а тоа е подготвеноста наша да одговориме, иако можам слободно да кажам и нескромно дека во регионот сме во предност и во однос на водичи со кои располагаме и во однос на едуциран и вешт кадар која работи. Ни недостасува оној дел на организација на туристичките патувања односно останува делот на туристичките агенции кои треба да го спакуваат сето тоа и да го продадат. За среќа веќе има серизен обрт на овој план и очекуваме дека значително ќе има раст. Оној период на криза чувствуваме дека е позади, дека веќе нема да имаме затворање и дека за брзо време ќе се врати протокот на туристи кој беше во 2019 година, кој навистина беше во една страшно нагорна линија особено во авантуристичкиот туризам, додава Додевски.

Потенцира дека Планинската спасителна служба е подготвена за претстојните месеци и за делување во сите временски услови и во сите коплексни ситуации и на технички и нетехнички терен, додавајќи и дека е единствена спасителна служба во државата која е 24 часа достапна на повик.

Единствено кое ќе е предизвик во иднина е финансиската одржливост за која веќе пет години дискутираме. За жал, сеуште немаме конкретно решение. Продолжуваме и понатаму да апелираме, да преговараме со локалните и државните власти и ќе видиме каков ќе е исходот. Во овој момент сите ресурси ќе бидат ставени во функција се до оној момент кога ќе можеме да го издржиме тоа како организации и Црвен крст и Алпинистичкиот клуб. Тековниот проект завршува на крај на октомври, така што финасиите кои ни се за тековно одржување и работење, потрошни материјали на некој начин ќе престанат, но ние нема да престанеме да делуваме.

Се надеваме, додава, после толкав период и толку резултати кои ги покажавме, после преку 170 интервенции во овие три четири години конечно властите ќе ја разберат потребата и ќе најдат начиин да финасираат нешто што е од суштинско значење пред се за безбедноста на локалното население, а нормално и на посетителите.

До овој момент комплетното финансирање е од проектите кои ги работиме. Презедовме превентивни мерки во одреден дел и во фаза ни е инсталација на фотоволтаична централна на оперативниот центар за да ги намалиме барем трошоците за електрична енергија, но остануваат сите трошоци за одржување на опремата која е сериозен издаток. Се надеваме дека ќе најдеме разбирање и еден апел и до локалните и националните власти да се размислува малку повеќе во оваа насока. Ние сме и иницијатори за формирање на Националниот сојуз за планиско спасување, а веќе осум организации од државата се во различни региони, така што подготвени сме многу брзо да го имплементираме тоа што е пракса кај нас во Охрид и на целата територијата на државата. За жал, кај останатите партнери наши буквално недостасуваат елементарни услови за да може да делуваат, да работата, имаат кадар но немаат услови за работа и тоа мораме некако да го поправаме. Ќе работиме, додава Додевски.

Н.С.Ј.